Кошарка АБА лига

МЗТ Скопје со победнички амбиции против Металац

09.02.2015 13:48

Тренерот Александар Јончевски посакува реванш за загубениот дуел во Скопје иако дебитантотво салата "15 септември" игра сигурно и оствари 6 од деветте победи сезонава...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го затвораат 21 АБА лигашко коло со гостувањето во Ваљево. За разлика од почетокот и средината на сезоната кога пројавуваа аспирации за горната половина на табелата, сега со поскромни амбиции, поправање на впечатокот и избегнување на претпоследната позиција за приклучување кон средината. Мотивацијата нема да изостане, затоа што вечерашниот меч е шанса за “штрковите“ конечно да влезат во победнички ритам, по 4 порази во последните 5 настапи. Истовремено и за израмнување на сметките со српскиот тим кој се радуваше во ноември во Скопје со 64 :58, со пресврт во завршната четвртина. Особено што и Металац игра со големи осцилации, така што нанижа три порази по претходната серија од 4 победи. 
 
Тренерот Александар Јончевски посакува реванш за загубениот дуел во Скопје иако дебитантотво салата "15 септември" игра сигурно и оствари 6 од деветте победи сезонава. Според него, шансите се извесни доколку се игра дисциплинирано и со што помалку кризни периоди во играта, како и да се запре брзата транзиција на домашните. Охрабрување е враќањето на паркетот на Марко Симоновски по повредата, кој исто така ја потенцира важноста на одбраната на неговата екипа како предуслов за успех. Едно е сигурно, ни претстои интересна пресметка меѓу Металац и МЗТ Скопје Аеродром која ќе ја пренесуваме на Собранискиот сервис од 20.30 часот.