Поинаков е светот на илјада метри над Скопје

08.01.2014 17:02

Во главниот град се дише полесно, ама сеуште е загадено. Маглата се издигнала дури на падините на Водно. Сведочат продавачите од киосците крај  жичарницата. Таа е најпосетеното место деновиве.

Скопјани му бегаат на секојдневието во смог. Се е поинаку на врвот на планината вели продавач.

„Ова е работен ден, но имаме доста посетители“ – вели раководителот на жичарницата.

Се возевме речиси до врвот ама од маглата не куртуливме... Кога очите ги пресретнува зракот под крстот се отвора поинаков свет.

Ги има од најмлад до најстар..  Дошле да се надишат чист воздух... На кафе.. Или игра на 1000 метри над смогот. Да се докупи нешто за јадење. 

Сакавме да видиме каде  озонот го совладува чадот.  Каде сонцето ги допира планините..

На чекор од темниот дел на живеењето нашата екипа сака да сподели со вас. .. Затоа со тешко срце се враќаме во градот, каде загадениот воздух за жал е реалност.

Новинар: Фиљана Кока

Снимател: Ѓорѓи Трпески