Промовирани десет нови стрип наслови
трип авторите велат дека поддршката е многу значајна, бидејки досега немаше издаваштво. Со ова и Македонија се приклучува на стрип настаните во светот...

Министерството за култура и издавачката куќа „Стрип квадрат“ од Скопје промовираа десет нови стрип наслови. Стрип авторите велат дека поддршката е многу значајна, бидејки досега немаше издаваштво. Со ова и Македонија се приклучува на стрип настаните во светот.
„Стрипот во Македонија успеа да се избори за своето заслужено место и да го пронајде вистинскиот пат до својата публика како уметност на текстуално-ликовниот израз. Денеска стрипот ги достигнува највисоките граници на медиумската креативност и навистина радува податокот што во експанзијата на македонска стрип-сцена во последните години особено доминираат младите автори кои со својата инспирација и креативниот дух секојдневно ни ја откриваат возбудата на своите нови авантуристички светови. Нивниот ангажман резултираше со создавање на првите автентични македонски стрип-херои како главни јунаци на стриповите кои денеска ги промовираме“, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, очекувајќи со нив стрип културата да се доближи до младите.
Уметноста во последните години беше занемарена, стрипови се појавувале инцидентно, а само во последните две години десеткратно се зголемил бројот на стрип-проекти што аплицирале и добиле поддршка преку годишните програми на Министерството.
