ФЗОМ: Се чекаше термин од болницата за операција на Тамара
Oд ФЗОМ велат дека нејзиниот случај бил позитивно решен уште во декември...

По веста дека девојчето од Велес кое требаше да се оперира во Турција почина утрово, од ФЗОМ велат дека нејзиниот случај бил позитивно решен уште во декември.
Од Фондот за здравство соопштија дека 9 годишната Тамара, која имаше искривување на ’рбетот, требало да се оперира по 8-ми февруари, термин кој бил договорен со родителите, бидејќи во меѓувреме било утврдено дека е потребен дополнителен ангажман од уште двајца спинални хирурзи.
„Беше констатирано дека случајот е комлициран и дека е потребно дополнителен ангажман на уште двајца спинални хирурзи. Воедно беше одлучено да се изврши операцијата во Аџибадем во согласност и по консултации со родителите тоа беше одлучено да се изврши по 8-ми февруари да се добие датум и осигуреничката да отиде на лекување во странство“, потврди денеска Бранко Аџигогов, советник на директорката на ФЗОМ.
