Киев тврди дека 1.500 руски војници продреле во Украина

09.02.2015 14:56

Границата ја преминале и 170 возила, меѓу кои камиони, цистерни и автомобили –додава Лисенко...

Илјада и петстотини руски војници и 300 парчиња воена опрема, меѓу кои лансирни рампи „Град“, во саботата и во неделата  ја преминале украинско-руската граница на делот што е под надзор на сепаратистите-изјавил украинскиот портпарол Андриј Лисенко.

Границата ја преминале и 170 возила, меѓу кои камиони, цистерни и автомобили –додава Лисенко. Иако Русија негира секаква вмешаност во судирот, Киев и Запад го вперуваат прстот во неа затоа што им дава воена поддршка на бунтовниците.