Промовирана интернет страница за вработените во администрацијата

09.02.2015 15:33

Веб страницата се промовира во пресрет на стапувањето во сила на двата закона за вработените во администрацијата кои ќе почнат да се применуваат од 13 февруари...

Администрација.мк е новата електронска страница на Министерството за информатичко општетство. Ќе биде наменета за сите вработени во јавната и во државната администрација.. На страницата се наоѓаат сите законски акти и каталогот на работни позиции, што содржи 3.300 работни места и тековна систематизација.

Веб страницата се промовира во пресрет на стапувањето во сила на двата закона за вработените во администрацијата кои ќе почнат да се применуваат од 13 февруари.

Секоја институција треба да ја усогласи постоечката систематизација со каталогот на работни позиции и да ја достави новата систематизација на одобрување до Министерството за информатичко општество, а потоа да се внесат сите вработени во новиот електронски систем за раководење со човечки ресурси. Откога тоа ќе го завршат, ќе можат да започнат постапки за нови вработувања, доколку им се потребни. Ако еден од овие чекори не е исполнет, тогаш институцијата не ќе може да спроведе оглас за нови работни места, појасни министерот за информатичко општество Иво Иваноски на денешната промоција.

Тој истакна дека доколку има потреба од нова работна позиција која не е опфатена со каталогот, тогаш институцијата која го бара новото работно место ќе треба да направи добра анализа со која ќе оправда зошто тоа е неопходно.

Веб страницата содржи и информации за сертифицирани центри за странски јазици, а преку неа граѓаните ќе може да се информираат и за новините од реформите во администрацијата.