Власта и опозицијата пред договор за изборниот законик
Власта и опозицијата се уште се без конечен договор околу измените на изборниот законик.Напредок има,брифираат од работната група,но се бараат модалитетите за барањето на СДСМ државната да се одвои од партиската функција.Компромисот веријатно ќе биде во утврдувањето на рокот од 20 дена пред почетокот на изборната кампања,која трае исто така 20 дена и во вториот круг да нема распишување тендери,отворање нови објекти со државни пари.Копјата се уште се кршат за утврдувањето на јавниот настан и што ќе значи тоа.Власта и опозицијата ја разгледуваат можноста д
Власта и опозицијата се уште се без конечен договор околу измените на изборниот законик.Напредок има,брифираат од работната група,но се бараат модалитетите за барањето на СДСМ државната да се одвои од партиската функција.Компромисот веријатно ќе биде во утврдувањето на рокот од 20 дена пред почетокот на изборната кампања,која трае исто така 20 дена и во вториот круг да нема распишување тендери,отворање нови објекти со државни пари.Копјата се уште се кршат за утврдувањето на јавниот настан и што ќе значи тоа.Власта и опозицијата ја разгледуваат можноста дали ќе има кривична одговорност за злоупотреба на државните средства и за влијание врз гласачите.
Иако предходно министерот за правда Блерим Беџети средбата ја најави како неформална,таа се оддолжи.Сепак,кај власта и кај опозицијата има расположение за компромис за изборниот законик.
Претходно беше постигнат договор за максималниот износ на донациите за правните лица,кој се утврди на 50 илјади евра,и за рамномерното претставување на јавниот сервис.Засега не се разговара за барањето на СДСМ да се подигне цензусот на гласовите во дијаспората,бидејќи тоа не е важно за претседателските избори. Се очекува наредните денови конечно да се испеглаат разликите,по што спикерот Вељаноски треба да ги распише претседателските избори,според најавите во последната недела од месецов.Изборот на нов претседател се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.
Милчо Велески
