Австрија: Гуденус ги обвинува САД за бранот бегалци од Косово
Гуденус во соопштението истакнал дека и покрај тоа што Косово не е воен ниту кризен регион, повеќе илјади косовски албанци се пред австриската граница, пренесува Танјуг...

Заменик шефот на Либералната партија на Австрија, Јохан Гуденус оценува дека бранот бегалци од Косово, со кој во моментов се соочува западна Европа, е доказ дека отцепувањето на Косово од Србија и избрзаното признавање е грешка. Гуденус порачува дека САД како поддржувач на осамостојувањето мора да преземе одговорност.
Гуденус во соопштението истакнал дека и покрај тоа што Косово не е воен ниту кризен регион, повеќе илјади косовски албанци се пред австриската граница, пренесува Танјуг.
Во врска со тоа, шефот на пратеничкиот клуб на Либералната партија на Австрија во виенското собрание нагласил дека мора да се разгледа зошто толку луѓе бегаат од државата која што „наводно“ функционира.
„Сега се гледа дека отцепувањето на Косово од српската матица, како и избрзаното решение за негово признавање како самостојна држава, било грешка. Актуелниот бран косовски бегалци потврдува дека таа творба не е способна да преживее како држава“, порачува Гуденус потсетувајќи дека создавањето на Косово беше желба на САД.
Нагласил дека при осамостојувањето не е почитувано меѓународното право, бидејќи не е оддржан референдум.
„Соединетите Американски Држави сега имаат задача да ги прифатат косовските бегалци, бидејќи тие се нивни духовни и геостратешки очи, па затоа мора да преземат и одговорност“, подвлекол Гуденус.
Истовремено порачува дека капацитетот на Австрија за прием на бегалците е пречекорен и доколку земјата прима ,,економски“ бегалци, нема да може да ги прифати оние на коишто навистина им е потребна заштита.
Затоа Гуденус побара да се прекине примената на Шенгенскиот договор и да се врати граничната контрола за да се изврши ригорозно протерување.
Гуденус нагласил дека треба да се постави и прашањето зошто емигрантите во Австрија последниве месеци најчесто се муслимани од Чеченија, Афганистан и од Косово и др.
Соња Стојановска
