Расте поддршката од граѓаните за одбрана на Македонија

09.02.2015 17:13

Велешани и битолчани го осудуваат секој обид за соработка со странски служби...

Меѓу нас може да има конфликти, судири на концепти и интелектуална мисла, но никако во нашите македонски работи не смее да се користи логистиката и подметнувањата на странските служни, ова е ставот на велешани, членови  на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Не смее да се дозволи ниту еден граѓанин ниту еден наш човек да биде инструмент на било кој странски интерес , силно и недвосмислено го осудуваме секој обид за дестабилизација на нашата земја од страна на странските служни и интереси во нашите домашни работи“,  рече Трпе Туфекчиев, Граѓанско движење за одбрана на Македонија.

Ова, што политички лидер и го прави на својата земја е за осуда, велат членовите на здружението „Тодор Александров“. Ставајќи го својот потпис битолчани застанаа зад платформата „За одбрана на Македонија“.

„Застануваме во одбрана на Македонија, застануваме против вмешувањето на странските служби кои што низ историјата се покажува дека имаат големо влијани преку своите пропаганди  да го разнебидат македонскиот национален идентитет“рече Ѓорги Чекутков,  Здружение Тодор Александров, Битола.

Нема да се дозволи поделба на националното ткиво во Македонија, велат членовите од Граѓанското двожење за Македонија кои потенцираат дека македонецот повеќе не е монета за поткусурување на странските интереси и служби.

Обидот на поединци за дестабилизација на Македонија е безуспешен оти народ знае  да процени кој работи за државата и нејзиниот просперитет а кој само за лични и нечии надворешни интереси , велат Туфекчиев и Чекутков.

 

Дијана Иванова