Околу 10% од македонците купуваат онлајн

09.02.2015 17:22

На царински давачки не подлежат производите кои чинат до 45 евра. Пратката се испорачува само тогаш кога ќе бидат платени давачките...

Нова облека, накит, кујнски апарати - за мали пари, може да купите се и сешто. Полека но сигурно кај нас се зголемува бројот на приврзаниците на „интерент шопингот“. Многумина своето слободно време го поминуваат во сурфање низ виртуелните полици и закачалки на он- лајн маркетите.

На царински давачки не подлежат производите кои чинат до 45 евра. Пратката се испорачува само тогаш кога ќе бидат платени давачките.

Но, не секогаш фотографијата на производот што се нуди е верна на она што ќе пристигне по пошта.

Добрите познавачи на он лајн купувањето препорачуваат да се користат познати и проверени веб-страници и да се проучат условите за користење, плаќање и достава на производите.

Организацијата на потрошувачите лани регистрирала зголемување на жалбите на производите купени од интернет. Купувачите реагирале дека пристигнуваат без фискална сметка и без гаранција.

Според податоците, над 60 насто од македонските граѓани имаат пристап до интернет, но само 10 проценти купуваат он- лајн.

Околу 50 проценти од продажбата на интернет во Македонија се должи на сајтовите за групни попусти, другите порачуваат од странски сајтови.

 

Сунчица Николовска