Зголемена температура ...

Грипот допрва ќе напаѓа

08.01.2014 17:28

Зголемена температура, болки во коските и во мускулите, и истоштеност, се зголемува бројот на граѓани болни од грип. Лекарите, велат грипот допрва ќе се шири. Загадениот воздух го зема данокот, најмногу страдаат болните со хронични респираторни заболувања.

Зголемена температура, болки во коските и во мускулите, и истоштеност, се зголемува бројот на граѓани болни од грип. Лекарите, велат грипот допрва ќе се шири. Загадениот воздух го зема данокот, најмногу страдаат болните со хронични респираторни заболувања.

„Загадениот воздух, неповолните временски услови, многу малку сончеви денови коишто ни следуваат во овој период влијаат на зголемениот број пациенти со респираторна симптоматологија. Сите оние што се во можност да ги искористат прошетките во природа, пред се на планина“

 - Д-р Христина Лескароска– матичен лекар во Поликлиника Бит Пазар

Лекарите апелираат на редовна лична хигиена, повеќе витамини и топли напивки, проветрување на просториите, прошетки во природа. Граѓаните велат знаат како да се заштитат.

И градинките се празни. Но, според надлежните во градинката Срничка  причината не е грипот, туку зимскиот распуст.

„Резултат на таа бројка е училишниот зимски одмор. Дечињата од градинка, дома се згрижени заедно со сестрите и братчињата“  - Јоаким Димулков- директор на градинката Срничка

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, на крајот од декември од грип се разболеле 231 лице, што е 2,6 пати повеќе од истиот перод од претходната година кога имало 88 заболени.

-Применувајте ги препораките на лекарите, според нив грипот допрва ќе напаѓа, ширењето на инфекцијата обично се јавува кон крајот на јануари и во  почетокот на  февруари.

 

Андријана Атанасовска