Цената на нафтата постепено ќе се нормализира

09.02.2015 18:46

Цената на нафтата на глобално ниво не ја диктираат само понудувачката и потрошувачката туки и политиката. Ако при крајот на минатта година околу цената на црното злато се случи ценовен шок, експертите прогнозираат дека годинава цените на нафтата постепено ќе се нормализираат. Тоа најмногу го посакуваат земјите кои што се најголеми производители на нафта, како Русија, Америка, Аргентина, како и производителите на Блискиот Исток...

Суровата нафта е берзанска стока и според трговското правило. Ако понудувачката се зголемува, а купувачи нема, цените тогаш  се  ниски. Експертите велат дека и покрај тоа што производството значително не опадна, сепак не се создаде хаос на пазарот.

Но, зошто цената на нафтата сеуште не се стабилизира на пазарот?

„Берзата е чудна работа и не реагира само на понудата и потрошувачката туку и на  геополитичките односи во светот. Наш приоритет во Унијата е што поскоро да ја   донесеме новата енергетската стартегија, за да ја намалиме зависносна од руските енергенси“, вели Ризниец Озола, министер за економија на Латвија.

Досега најмногу штета имаат производителите на нафта, Русија, Венецуела, како и  нафтените компании од блиско- источните земји, бидејќи нивните буџети зависат од  нафтата.

Руските медиуми на оваа тема кометираат дека американците ја казнија Русија поради     Украина, и дека оваа колатерална штета ја оценуваат како многу поболна од меѓународните санкции. Ова беше и повод пред три ден рускиот претседател, пред владата и руските бизнисмени да го престави антикризниот план.

„Во овој момнет најбитно е да обезбедиме одржлив раст на економијата. Што се   однесува за украинскиот долг за гасот, нема одтапки од наша страна. Ќе го наплатиме“, нагласи рускиот претседател Владимир Путин.

И Венецуела како една од најголемите произиводители на нафта се соочува со проблеми. Нејзината економија зависи од нафтените приходи којшто изнесуваат 96  насто од девизниот прилив. Во оваа земја највтин е бензинот затоа што владта го субвенционира. Поради ниските цени на нафтата, државата размилсува да ја укине оваа мерка.

„За малку пари јас досега го полнев 60 литарски  резервоарот на мојот  автомобил. Но, сега не е така, бидејќи заработувачката неможе да ги подмири животните трошоци, бидејќи се поскапе“, вели Вијам Тескира, такси возач.

И покрај тоа што ОПЕК се уште одбива да го намали произвоството на црното злато, експертите очекуваат ниската цена да се задржи уште некое време и дека цената на суровата нафта, ќе почне да расте, но со многу побавно темпо отколку кога паднаа цените лани.

 

Мирјана Василева