МЗТ Скопје вторпат поразен од Металац сезонава

09.02.2015 22:57

Мечот изобилуваше со пресврти и во поглед на резултатот и во поглед на играта. Нашиот тим водеше на самиот почеток, по што домашните ја презедоа резултатската контрола, се до 30 : 22...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа минимален и болен пораз на гостувањето во Ваљево, во рамките на последниот натпревар од 21 АБА лигашко коло. Прецизниот шут на Протиќ буквално во последната секунда му донесе победа на Металац со 69 : 67, втора во годинашните сочувања со македонскиот првак.  Со тоа остана невалоризирана маестралната партија на Предраг Самарџиски, кој оствари ретко виден подвиг со 20 поени и исто толку скокови и индекс на корисност 34!!!

Мечот изобилуваше со пресврти и во поглед на резултатот и во поглед на играта. Нашиот тим водеше на самиот почеток, по што домашните ја презaедоа резултатската контрола, се до 30 : 22. Но, во последните 4 минути од полувремето со  извонредна одбрана и прецизен напад “штрковите“ направија серија од 15 : 1 и на пауза замина со 37 : 31. Со неколку тројки од тешки позиции Металац се врати во ритам и во пресрет на завршниот период двата тима имаа по 53 поени. Во играта на нерви искусниот Протиќ одлично ја водеше својата екипа и до последната минута Металац имаше 3 разлика, која Лучиќ сепак ја анулира со тројка на 15 секунди до крајот. Сепак, вештиот Протиќ кој беше најефикасен со 21 поен и спортската среќа беа на страната на Металац, кој ја оствари 10 победа сезонава, а МЗТ со 15 пораз останува на делба на претпоследната позиција со Игокеа, која ќе гостува во “Јане Сандански“ следната недела.