Фатос Река - нов албански амбасадор во Македонија
10.02.2015 09:21
Река е вработен во Министертвото за надворешни работи, но не се смета за позната личност на албанската политичка сцена.

Нов амбасадор на Република Албанија во Република Македонија ќе биде Фатос Река, кој пред членовите на парламентарната комисија за надворешна политика ја презентирал неговата платфорна на прв албански дипломат во Македонија и ја добил поддршката од Комисијата.
Река, кој доаѓа на местото на Петрит Бушати, е вработен во Министертвото за надворешни работи, но не се смета за позната личност на албанската политичка сцена.
