Прекини на сообраќајот на дел од патиштата
10.02.2015 09:28
На патниот правец Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења, сообраќајот е сеуште во целосен прекин за секаков вид на моторни возила. Сообраќајот се пренасочува преку Виница - Пехчево - Делчево...

На планинскиот премин Ѓавато има забрана за движење на тешки товарни возила, поради снег на коловозот. За останатите видови возила се препорачува употреба на зимска опрема, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
На патот Катланово – Велес после наплатната станица Сопот, поради можен одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри. На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
На патниот правец Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења, сообраќајот е сеуште во целосен прекин за секаков вид на моторни возила. Сообраќајот се пренасочува преку Виница - Пехчево - Делчево.
Се уште е во прекин и сообраќајот на патниот правец Марвинци – Гевгелија поради излеана вода од река Вардар. Во прекин е и сообраќајот на патиштата Кочани – Зрновци и Тработивиште - Разловци поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.
Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.
Локалниот пат за с.Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку с.Подареш-Радовиш. Регионален патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.
Патниот правец Битола- Новаци е отворен за сообраќај за сите видови возила. Нормализиран е и сообраќајот на патниот правец Демир Капија – Корешница.
Според информациите добиени од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози и наместа со мали остатоци од снег.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
