Утринава минимални температури до -16 степени
10.02.2015 09:02
Најстудено било во Маврово каде што се измерени -16 степени, а најтопло во Гевгелија -2...

Во цела Македонија утринава се измерени температури под нулата. Најстудено било во Маврово каде што се измерени -16 степени, а најтопло во Гевгелија -2.
Според Управата за хидрометеролошки работи, во Крушево температурата била -14 степени, во Битола -11, во Крива Паланка -10, Берово и Претор -9, Охрид, Дебар и Прилеп -8, Скопје кај Петровац, Куманово, Тетово и Виница -6, Штип и Струмица -5, Скопје кај Зајчев Рид, Кавадарци, Дојран и Демир Капија -3.
Се очекува во текот на денот да дува засилен северен ветер кој на планините ќе достигне брзина одо 80 км/ч. Максималната температура ќе се движи од -4 до 5 степени.
И во следните два дена температурите ќе бидат ниски и на повеќе места ќе се спуштат под -5, а на планините -15 степени.
До недела времето ќе биде стабилно и суво со постепен пораст како на утринската, така и на дневната температура на воздухот.
