Измените на законот за хонорарите пред пратениците

10.02.2015 09:42

Со најновите измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се врши прецизирање и олеснување на условите за плаќање на придонеси...

Собранието на Република Македонија денеска треба на 36-та седница ќе расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка, поднесен од пратениците. Илија Димовски, Талат Џафери, Крсто Мукоски, Александар Николоски.
 
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која во саботата најави дека до Собранието ќе достави предлог за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, посочи дека со него се уважуваат дел од барањата на граѓаните за исплата на хонорари.  
 
Со најновите измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување се врши прецизирање и олеснување на условите за плаќање на придонеси на надоместоците остварени по основ на договор на дело, авторски договор или друг вид на договор со кој се остварува надоместок.