Голем пожар во Велес: Една жена почина, шест лица повредени

10.02.2015 10:27

Пожарникарите успеале пожарот да го стават под контрола дури во 5 часот и 30 минути утринава...

Една жена почина, а шест лица се повредени во голем пожар кој синоќа половина час после полноќ избувна во Велес.

Според првичните информации, од засега непознати причини пожарот избувнал во семејна куќа во месноста Дворови.

Пожарот се проширил за кратко време и зафатил уште една куќа и шивачка работилница.

Пожарникарите успеале пожарот да го стават под контрола дури во 5 часот и 30 минути утринава.

Во тек е увид на самото место.