Откупот на тутун може да заврши и пред законскиот рок
10.02.2015 12:24
Откупени се скоро 70 проценти од планираните количества тутун. Според сегашната динамика откупот може да заврши и пред законскиот рок до 15 март...

Деветте компании досега откупија вкупно 16.500 тони тутун со просечна откупна цена од скоро 120 денари за килограм.
Иако на почетокот се проценуваше дека ќе има вишок на тутун од 3 до 5.000 тони, фирмите сега ги превземаат сите понудени количества.
Досега се преземени скоро 1.000 тони повеќе, што за тутунарите е добар знак дека до крајот нема да има големи проблеми.
Тутунопроизводителите се помалку бараат повторна проценка од второстепената комисија.
Методија Трајков
