Претседателот Иванов се сретна со хрватскиот министер за одбрана
Позитивно се оценети досегашните заеднички ангажмани, особено во делот на јадранската повелба што ја потврдува стратегиската определба за полноправно членство на Македонија во НАТО...

На вториот ден од работната посета на Македонија, хрватскиот министер за одбрана Анте Котромановиќ имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов.
Позитивно се оценети досегашните заеднички ангажмани, особено во делот на јадранската повелба што ја потврдува стратегиската определба за полноправно членство на Македонија во НАТО.
Котромановиќ уште еднаш ја искажа хрватската поддршка за интеграција на земјава во Алијансата, посочувајќи ги исполнетите стандарди и реформи.
На средбата било разговарано и за новите билатерални проекти, како и за зголемување на соработката меѓу хрватските и македонските безбедносни служби за справување со екстремизмот и радикализмот.
