Поплави: Милиони евра ќе изнесуваат штетите во земјоделството
Препорака е за стручните совети земјоделците да побараат помош во Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството...

Со милиони евра ќе се проценуваат штетите во земјоделството нанесени од поплавите во Пелагониско. Во најголемата житница во земјава, Пелагонија, водата оштети илјадници хектари со пченица засеана есента, подготвени површини за пролетна сеидба, ниви со маслена репка, сончоглед.
Препорака е за стручните совети земјоделците да побараат помош во Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството. Претходно ќе треба да се направат педолошки и агрохемиски анализи, па потоа да се сади соодветната култура и сорта.
Ако Пелагонија произведува 80.000 тони житни култури, пред се пченица, сега прашање е дали ќе има 20.000 тони, велат од подрачното одделение за земјоделство.
