Преку јавно наддавање државата ќе продава стотина деловни простирии

10.02.2015 13:25

ајвисоки почетни цени имаат огласените во центарот на македонската метропола...

Државата ќе продава деловен простор преку јавно наддавање. Почетните цени се формирани според проценетата пазарна вредност на вкупно 101 деловна просторија.

Сосема очекувано, највисоки почетни цени има за огласените деловни простории во Скопје. Голем дел од нив се во централното градско подрачје, а две се проценети на почетни износи поголеми од 200 илјади евра.

АД за станбен и деловен простор продава 22 деловни простории во Скопје, 11 во Кичево, 9 се нудат во Куманово, во Тетово 8, и во Штип и во Битола по 7.

Владата ја донела одлуката кон крајот на јануари и веќе е објавена во Службен весник на РМ.