Акција за помош на поплавените од вработените во општина Гази Баба

10.02.2015 13:47

Во среда, во текот на целиот ден ќе се собираат финансиски средства, со кои потоа ќе се купат хигиенски пакети и ќе се достават до општините...

Вработените во општина Гази Баба и подрачните одделенија на Министерствата, сместени во кругот на општината утре ќе се вклучат во хуманитарната акција за помош на жителите кои се наоѓаат во поплавените подрачја на Македонија.

Во среда, во текот на целиот ден ќе се собираат финансиски средства, со кои потоа ќе се купат хигиенски пакети и ќе се достават до општините, погодени од невремето кое ја зафати Македонија изминатите денови.