Над 3.000 лица ќе бидат вработени на неопределено време
Владата донесе предлог-закон за трансформација на работните места во државните институции...

Редовно вработување за над 3.000 луѓе. Хонорарци, волонтери, вработени со договор на дело или ангажирани лица на определено време во органите на државната власт, установите од областа на културата, образованието, здравството, јавните претпријатија, заводите и фондовите чиј основач е државата, ќе добијат решение на неопределно редовно вработување.
Услов е да биле ангажирани најмалку три месеци, заклучно со 30.11.2014-та, и во моментов на носењето на законот се уште да се ангажирани.
Законот стапува на сила по донесувањето во Собранието, а институциите имаат рок од 30 дена да склучат договори со лицата.
Приоритет ќе имаат оние лица кои се ангажирани најдолго време со вакви договори.
