Скопјанец заработи 128-ма кривична пријава по ред
Последната кривична ја делел со уште двајца сограѓани за кражба, одземање моторно возуло и прикривање...

35 годишен скопјанец заработи 128-ма по ред кривична пријава и осум дена притвор. Последната кривична ја делел со уште двајца сограѓани за кражба, одземање моторно возуло и прикривање.
Тројцата се стекнале со противправна имотна корист од над 430 илјади денари. Првото дело го сториле во бутик во Центар од каде одзеле часовници, паричници и облека. Второто дело го сториле на паркинзи во Аеродром и Карпош каде начекале отклучени возила, се повозиле и пак ги вратиле.
35 годишниот скопјенец покрај кражбите во Скопје за кој има 122 кривични, останатите ги извршил во Охрид и во Велес.
Вториот криминалец на своето конто има 12 кривични пријави, а третиот најмладиот кој има 23 години, според крим евиденцијата на полицијата имал само една кривична пријава.
