Редовно вработување за над 3.000 луѓе во јавниот сектор!
Хонорарци, волонтери, вработени ангажирани со договор на дело или вработени на определено време во државните органи, институции, јавни претпријатија, заводи и фондови основани од државата или општините ќе бидат вработени на неопределно...

Редовен работен однос за над 3.000 луѓе. Хонорарци, волонтери, вработени ангажирани со договор на дело или вработени на определено време во државните органи, институции, јавни претпријатија, заводи и фондови основани од државата или општините ќе бидат вработени на неопределно. Владата скрои нов предлог – закон кој ќе го достави до Собранието. Услов е овие луѓе да биле ангажирани најмалку три месеци, заклучно со 30.11.2014-та година, и во моментот на стапување во сила на Законот се уште да се на своите работни позиции.
„На овој начин се зголемува нивната одговорност во извршувањето на работните обврски и задачи, а ќе добијат и адекватно социјално осигурување, пензиско и здравствено, и ќе можат да ги остварат сите права од редовен работен однос, што ќе влијане позитивно на продуткивноста, ефикасноста и ефективноста на трудот. Со денот на стапување на овој Закон во сила, институциите се должни во рок од 30 дена да склучат договори за редовен работен однос со ангажираните лица“, изјави Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.
Превидени се три фази за стапување во сила на договорите за редовно вработување, за да не се оптовари Буџетот. 35 проценти од луѓето опфатени со овој Закон ќе бидат веднаш вработени, уште 35% од 1 декември годинава, а другите 30 проценти стануваат редовно вработени од 1 септември 2016-та година.
„Приоритет во однос на динамиката за стапување во сила на договорите за редовен работен однос ќе имаат лицата кои во институцијата се ангажирани најдолг временски период, што значи дека тие први ќе бидат вработени. Важно е да се истакне дека до периодот на стапување во сила на договорите за редовен работен однос, овие лица нема да останат без приходи, бидејќи тие и натаму ќе останат ангажирани во институцијата на начинот на којшто и сега се ангажирани“, нагласи Пешевски.
Од Владата сметаат дека предложеното законско решение е социјално правeдно, го валоризира трудот на овие работници и дека со него се решева еден децениски проблем.
Мартин Пушевски
