Мариани: Најосто го осудувам однесувањето на Заев и СДСМ
Според Мариани, СДСМ се решил на овој чекор бидејќи не можел на легален начин да ја добие довербата на граѓаните...

Тиери Мариани, потпретседателот на Европската народна партија при Советот на Европа и пратеник во француското собрание, е загрижен поради случувањата во Македонија и однесувањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Потсетувајќи дека, претседателот Иванов и ВМРО- ДПМНЕ, предводена од премиерот Груевски, на последните избори освоиле огромно мнозинство гласови што ја докажува правилноста на политиките кои се воделе меѓу граѓаните, францускиот парламентарец најостро ги осудува однесувањето на заев и заканите кон премиерот Груевски.
„Длабоко сум разочаран од однесувањето на Социјалдемократскиот сојуз и нивниот претседател Зоран Заев, кој како како што сум информиран отишол и еден чекор понапред и презел нелегални активности на недозволено прибирање телефонски разговори, документи и други материјали кои се добиени на нелегален начин, според неговиот исказ, во соработка со тајните служби. Исто така, со овие нелегално собрани материјали се заканувал на премиерот Никола Груевски, барајќи од него спротивно на волјата на граѓаните да дозволи опозицискиот Социјадемократски сојуз да ја преземе власта во Македонија“, оценува францускиот пратеник.
За ова, Мариани ги повика и надлежните институции и јавниот обвинител да спроведат отворена постапка против Заев за нелегалното снимање телефонски разговори.
„Го осудувам однесувањето на Зоран Заев, претседател на Социјалдемократскиот сојуз и потсетувам дека нелегалното снимање телефонски разговори и прибирање документи како и невистинито монтирање разговори и документи е спротивно на европските демократски норми и прифатените стандарди на советот на европа кадешто македонија е членка. Ги осудувам заканите на Зоран Заев, претседател на Социјалдемократскиот сојуз кон премиерот Никола Груевски и потсетувам дека одговорноста за демократскиот изглед на Македонија е и на владата, и на опозицијата“, оценува Мариани.
Според Мариани, СДСМ се решил на овој чекор бидејќи не можел на легален начин да ја добие довербата на граѓаните што предизвикало, спротивно на демократските стандарди, опозицијата да не учествува во работата на Собранието. Тој го повика СДСМ да се врати во Собранието и политичкиот натпревар да го води низ иинституциите со соодветна политичка платформа.
