Измените на Законот за хонорарците- бенефит за многу работници

10.02.2015 16:46

Од ова бенефит ќе има огромна маса, вели првиот синдикалец Живко Митревски, кој смета дека е добро што дел од нивните предлози се прифатени и ќе придонесат за подобрување на законското решение...

Измените на Законот за хонорарците треба да придонесат за подобрување на животниот стандард на оваа категорија граѓани. Од ова бенефит ќе има огромна маса, вели првиот синдикалец Живко Митревски, кој смета дека е добро што дел од нивните предлози се прифатени и ќе придонесат за подобрување на законското решение.

„Добро е тоа што модалитетите што ги предлагавме со Организацијата на работодавачи се прифатени и ќе придонесат за подобрување на законот“, изјави претседателот на ССМ, Живко Митревски, додавајќи дека уште од самиот почеток дале поддршка на потребата од донесување на едно вакво законско решение.

Измените на законот за хонорарци предвидуваат вработеното лице или пензионер да не плаќаат придонеси ако остварат  дополнителен  приход помал од  21300 денари. Доколку остварат дополнителен приход поголем од просечната плата ќе платат придонеси само за разликата до просечната плата.

Со измените се предвидува лицата кои се невработени,  а остваруваат надоместоци да бидат ослободени од обврската до износот на минималната плата.

Со најновите измени се врши прецизирање и олеснување на условите за плаќање на придонеси на надоместоци остварени по основ на дело или авторски договор.

Законот за хонорарци стартуваше на 1 јануари  годинава.

 

Дијана Ценевска