Телефонски разговор Груевски- Ципрас
10.02.2015 16:50
Во кусиот протоколарен разговор, како што пренесува МИА, Груевски на Ципрас му посакал успех во работата и во справувањето со предизвиците со кои се соочува неговата земја...

Премиерот Груевски на телефонска врска со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас. Во кусиот протоколарен разговор, како што пренесува МИА, Груевски на Ципрас му посакал успех во работата и во справувањето со предизвиците со кои се соочува неговата земја.
Македонскиот премиер истакнал дека двете земји треба да вложат напори за унапредување на добрососедските односи, за решавање на отворените прашања, како и за градење на конструктивна атмосфера за соработка во сите сфери од взаемен интерес.
