Собрание: Утре ќе се расправа за законите за хонорарците

10.02.2015 17:10

Денеска Парламентот го прифати барањето на предлагачите, пратениците на ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ, кои ја образложија потребата законите да се донесат по скратена постапка...

Утре во 12 часот Собранието ќе ја почне расправата за измените на пакетот  закони со кои се регулира испплатата на хонорарите. Денеска Парламентот го прифати барањето на предлагачите, пратениците на ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ, кои ја образложија потребата законите да се донесат по скратена постапка.

„Ги анализиравме сите забалешки на законите, ги анализиравме сите укажувања, направивме подлабоки консултации со многу засегнати државни институции, претпријатија и цениме дека овој предлог којшто е сега со измени на Законот е во насока на задоволување на некој општествен консензус, околу потробата за регулирање на оваа област“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Сојузот на Синдикати на Македонија го поздрави предлогот за измени во регулативата за хонорарите, затоа што практично дел од нив се предлог на ССМ. Според нив со ова ќе се подобри животниот стандард на невработените лица.

„Добробитот е тоа што огромна маса на луѓе ќе бидат вкчучени. Добро е тоа што модалитетите што ги предлагавме со Организацијата на работодавачи се прифатени и ќе придонесат за подобрување на законот“, изјави претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Новините во законот предвидуваат придонеси да се плаќаат само за суми кои ја надминуваат просечно исплатената плата лани во земјава.

 

Викторија Тодоровска