Ставрески во Лондон на средби со бизнисмени, финансиските зони интересни за Британците
На одржаните средби вицепремиерот Ставрески ги запознал стопанствениците со условите за водење бизнис и поволноста на бизнис климата во Македонија...

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески вчера и денеска одржа повеќе средби со претставници на бизнис заедницата во Лондон. На одржаните средби вицепремиерот Ставрески ги запознал стопанствениците со условите за водење бизнис и поволноста на бизнис климата во Македонија.
На досегашните состаноци најголем интерес е покажан за секторите прехрамбена и автомобилска индустрија. Особен интерес лондонската бизнис заедница покажала за македонската финансиска зона, погодностите кои ќе ги нуди за меѓународните финансиски компании и за условите за инвестирање во зоната, стои во соопштението на Министерството за финансии.
