Робертина Мечевска е на операција, се бори за живот
По несреќата којашто се случила попладнево, таа итно била пренесена на скопските хируршки клиники, каде што медицински екипи веќе неколку часа вложуваат максимални напори да ја спасат...

Застрашувачка вест ги потресе вечерва спортските кругови кај нас. Македонската ракометна репрезентативка Робертина Мечевска е во критична здравствена состојба, откако доживеала потешки повреди при падот од петти спрат на зградата во којашто живее во скопски Аеродром.
По несреќата којашто се случила попладнево, таа итно била пренесена на скопските хируршки клиники, каде што медицински екипи веќе неколку часа вложуваат максимални напори да ја спасат. Со операција треба да и биде запрено внатрешното крвавење, по што ќе треба да се интервенира и врз другите повреди на органите во стомачната празнина.
Иако била примена во свесна состојба, поради внатрешните крвавења здравствената состојба на ракометарката се оценува како критична. Мечевска, којашто неодамна се врати во земјава во редовите на ЖРК Вардар, се бори за живот.
