Кошарка - НБА

Нова маестрална партија на Харден

11.02.2015 10:05

Најдобриот стрелец во лигата, ги постигна половината од своите, во последниот период. Џејмс Харден имаше конечен учинок 40 поени, збогатен со 12 скокови, 9 асистенции, 3 украдени топки и 1 блокада...

Хјустон славеше кај Феникс со 127:118, во мечот во кој што Рокетс постигнаа најмногу поени во досегашниот дел од НБА првенството. Најдобриот стрелец во лигата, ги постигна половината од своите, во последниот период. Џејмс Харден имаше конечен учинок 40 поени, збогатен со 12 скокови, 9 асистенции, 3 украдени топки и 1 блокада.
 
Лосон со 32 поена и 16 асистенции беше првиот во победата на Денвер кај Лејкерс, 109:96. Нагетс ја прекинаа серијата од 6 порази, а поразените ја зголемија својата негативна на 5.
 
Чикаго е во одлична форма, ја реализира третата победа во низа, 104:86 против Сакраменто. Снел постигна личен рекорд од 24 поени со шут 9/11, Пау Гасол го оствари 13-тиот по ред и 34 дабл-дабл сезонава со 26 поени и 16 скокови, а мозокот на Булс, Дерик Роуз, постигна 23 поени без ниту една загубена топка.
 
Монро со 23 поени и со 12 скокови и Огустин со 18 поени, беа лидерското дуо на Детроит против Хорнетс, во победата 78:106. Ова е 16-та победа во последните 25 меча за Пистонс, кои што почнуваат да размислуваат на последната плеј оф позиција, но се 11 победи далеку. Шарлот регистрира три порази во низа.
 
Ништо ново за Гризлис, Марк Гасол со 14 поени и 11 скокови и Рандолф со 19 поени, беа столбовите што ја одржуваат екипата од Мемфис на врвот на западот, синоќа во победата против Нетс, 95:86.
 
Перо Антиќ и Атланта, играат во 1:30 по полноќ, на гости кај Бостон.