Можностите на филмската индустрија во Македонија презентирани во САД

11.02.2015 10:43

Македонската филмска индустрија и можностите за снимање на филмови во Македонија, како и прекрасните локации кои ги нуди, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија успешно ги промовира...

Македонската филмска индустрија и можностите за снимање филмови во Република Македонија беа презентирани во САД преку текст во „Варајети“ (Variety) - специјализираниот магазин за филмска индустрија, соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ. 
 
Variety е магазин (неделен и дневен) со голем тираж и голема читаност,  проценет број на читатели е околу 120.000, додека веб-страницата variety.com има 14 милиони посети дневно.
 
Македонската филмска индустрија и можностите за снимање на филмови во Македонија, како и прекрасните локации кои ги нуди, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија успешно ги промовира во светскиот филмски центар Лос Анџелес преку својот промотор Васко Давидовски, соопшти Агенцијата.