„Дамата со камелии“ на сцената на МОБ

11.02.2015 10:52

„Дамата со камелии“ е најновата балетска продукција, која својата премиера ја имаше на 31 октомври минатата година. Во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили...

По повод празникот на виното и на вљубените, денеска и утре вечер во Македонската опера и балет ќе биде изведена најновата балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди, под диригентство на Бисера Чадловска.
 
„Дамата со камелии“ е најновата балетска продукција, која својата премиера ја имаше на 31 октомври минатата година. Во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.
 
Кореографијата е на гостинот од Русија Василиј Медведев, а за костимите и сценографијата се погрижи Павол Јураш, гостин од Словачка.