„Ендава“ отвора нови канцеларии во Скопје

11.02.2015 11:15

Менаџерите на „Ендава“ се охрабрени и од поволната деловна клима во Македонија, како и од отворениот пристап на локалните власти и институции...

Британската ИКТ компанија „Ендава“ со седиште во Лондон денеска ќе отвори нови канцеларии во Скопје. 
 
Компанијата која развива софтвери, минатата година најави првична инвестиција од над два милиони евра во Македонија со 450 работни места. Извршниот директор Џон Котерел тогаш нагласи дека од 40 градови во Европа е избрано Скопје поради брзиот економски раст, развојот на ИТ секторот и високообразовниот кадар. Воедно бил импресиониран од бизнис условите што ги нуди Маёкедонија.
 
Менаџерите на „Ендава“ се охрабрени и од поволната деловна клима во Македонија, како и од отворениот пристап на локалните власти и институции.
 
На отворањето на новите канцеларии на компанијата, најавено е и присуство на премиерот Никола Груевски.