35 милиони евра субвенции за сточарите

11.02.2015 13:06

Сточарите годинава ќе добијат 35 милиони евра субвенции. Најголем дел за подршка на добиточниот фонд и за продаденото млеко...

Сточарите со една до 100 крави ќе добијат по 2.800 денари за животно. За повеќе, субвенцијата процентуално ќе се намалува.

За обележаните овци, по 1.000 денари и тоа најмалку  за 30, а за сочувано женско јагне по 700 денари на возраст од 6 до 18 месеци до 31 октомври годинава.

Субвенциите  се исти и во козарството, а фармерите треба да имаат минимум 10 кози.

За предаденто млеко  во  регистрирани преработувачки капацитети од октомври 2014-та до септември 2015-та се добива по 3,5 денари за литар.

 

Методија Трајков