„Ендава“ отвори нови канцеларии во Скопје
Компанијата која развива софтвери, минатата година најави првична инвестиција од над два милиони евра во земјава и креирање 450 работни места...

Британската компанија од информатичко комуникацискиот сектор „Ендава“ отвори нови канцеларии во македонската метропола.
Компанијата која развива софтвери, минатата година најави првична инвестиција од над два милиони евра во земјава и креирање 450 работни места.
Во конкуренција на 40 европски градови Скопје е избрано за седиште на регионалните операции поради брзиот економски раст на земјата, развојот на ИТ секторот и високообразовниот кадар.
Британската компанија развива софтвери за најдобрите 500 мултинационални компании од листата на „Форчн“ од банкарскиот, телекомуникацискиот и осигурителниот сектор.
