На продажба 1.000 државни деловни простории
На оваа проблематика се работеше повеќе месеци и е директен одговор на бизнис-заедницата подолг временски период кон Владата и институциите...

Владата распиша оглас во кој преку јавно наддавање ќе понуди 100 објекти во државна сопственост со вкупна површина од 7 илјади 250 метри квадратни. Почетната цена на целиот пакет е околу 7 милиони денари.
Со огласот, што ќе трае 30 дена, почнува постапката за продажба на вкупно 1.000 деловни простории на државата за чија продажба Владата донесе одлука на барање на бизнис заедницата.
На оваа проблематика се работеше повеќе месеци и е директен одговор на бизнис-заедницата подолг временски период кон Владата и институциите. Сметаме дека со продажбата на деловните простории во сопственост на државата на приватниот сектор ќе дадеме дополнителен импакт за можностите за нивен раст во дејностите што ги стопанисуваат, а се разбира даваме и поголеми можности и услови воопшто за подобрување на самата бизнис клима, но и конкретно на перформансот на деловните субјекти кои ќе аплицираат и ќе ги купат објектите, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Најголем дел од деловните државни простории опфатени со претстојниот оглас се во Скопје 22, по што следуваат Кичево со 11, Куманово девет, Тетово и Битола осум, Штип седум.
Листата на сите простории, точната локација и почетната проценета вредност ќе бидат објавени во огласот и ќе бидат достапни на веб страниците на Владата и на Министерството за транспорт и врски.
