Во АВРМ формиран Совет на работодавачи
Советодавното тело ќе биде филтер на сите мерки на Агенцијата за вработување пред нивната примена на пазарот на трудот...

Во Агенцијата за вработување е формиран Совет на работодавачи, кои ќе учествуваат во креирање на политиките за вработување, работни места и работна сила.
Советодавното тело ќе биде филтер на сите мерки на Агенцијата за вработување пред нивната примена на пазарот на трудот.
Според првиот човек на Агенцијата, Влатко Поповски, Советот е основан поради недостатокот на квалитетната работна сила која може да им се понуди на работодавачите.
Во него членуваат претставници на 16 големи компании од повеќе дејности и шест организациии на работодавачи.
Поповски се надева дека со Советот сите големи компании ќе придонесат за квалитетна примена на сите активни мерки, во квалитетно претставување на работната сила и креирање на нивните потреби.
