Индекс за нуклеарна безбедност

09.01.2014 07:51

Американската Иницијатива за нуклеарни закани го издаде најновиот извештај со индекси за нуклеарна безбедност на 176 држави во светот. Македонија се најде на 30 место меѓу 151 земја којашто има до еден килограм нуклеарни материјали, што не вклучуваат материјали за медицината и индустријата
 
Американската Иницијатива за нуклеарни закани го издаде најновиот извештај со индекси за нуклеарна безбедност на 176 држави во светот. Македонија се најде на 30 место меѓу 151 земја којашто има до еден килограм нуклеарни материјали, што не вклучуваат материјали за медицината и индустријата
 
Македонија се најде на 30 место од 151 земја со помалку од еден килограм нуклеарен материјал според Извештајот за индекс на нуклеарна безбедност на американската Иницијатива за нуклеарни закани. Македонија бележи  скок од 12 места по усвојување на меѓународните норми, но иста позиција како и во извештајот пред две години по домашна регулатива и ризик, со тенденција за намалување на нуклеарниот материјал.
 
„Белгија, Канада и Јапонија постигнале најголем напредок, подобрувајќи го нивниот пласман за 7, 6 и 6 места соодветно. Пакистан е нуклеарната сила што го подобрила пласманот за 3 места.„- Пејџ Стоуланд-Потпретседател на Иницијатива за нуклеарни закани
 
25 држави во светот поседуваат нуклеарни материјали, од коишто Австралија има најдобра безбедност на складирање и од злоупотреба, а најлоши безбедносни мерки има Северна Кореја. Австрија, Чешка, Унгарија, Шведска, Украина, Мексико и Виетнам целосно ги уништиле своите нуклеарни материјали.
 
„Над 100 инциденти со кражба и други неовластени активности со нуклеарен и радиоактивен материјал се пријавуваат секоја година.„-Сем Нан-поранешен сенатор од Џорџија
 
Подобро пласирани од Македонија се Словенија, Србија, Хрватска, Романија и Бугарија, а полошо Грција, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Косово не е вклучен во извештајот бидејќи не дал податоци. Албанија е земја со најголем ризик во регионот од кражба на нуклеарен материјал за терористички цели.
 
„ На третиот Самит за нуклеарна безбедност што ќе се одржи во Хаг, Холандија, во март ќе биде одржана и првата конференција за основање на Глобален систем за нуклеарна безбедност.„
 
Ирина Гелевска-Постојан дописник за МРТ од Вашингтон