Граѓанско движење: Да не се поткопуваат темелите на правната држава
Иницијаторите објавија дека од утре почнуваат со трибини низ градовите...

Темелите на правната македонска држава е недозволиво да се поткопуваат за интересите на странските служби - ова е пораката што денеска од Свети Николе ја испратија интелектуалци, пензионери и јавни личности. Времето на поделба на националното ткиво е одамна поминато и недозволиво е поединци да се ставаат во функција на нечии интереси, спротивни на македонските, вели Ѓорги Димов во име на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
„Поединци, групи и партии понесени од својата алчност за власт небираат средства и ги поткопуваат темелите на правната држава.Само граѓаните на Македонија одлучуваат за Македонија. Несмее да се дозволи ниту еден наш граѓанин да биде инструмент на било кој странски процес“, нагласува Димов.
Подршка на оваа платформа даваат и струмичани. Ставајќи го својот потпис на иниццијативата, велат „НЕ“ за сеењето на страв и заплашување на нацијата преку закани и уцени со поседување приватни телефонски разговори.
„Не смееме да дозволиме никој да згази против нејзе, ниту со некој шпиунски работи ниту пак со некој глупости кои што се составуваат во секојдневната политика и прават големи скандали кој можат многу штетно да влијаат и веќе влијаат во однос на меѓународната заедница“, изјави д-р Ели Карчева, Граѓанско движење за одбрана на Македонија, Струмица.
И Кочани се приклучи во Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Иницијаторите објавија дека од утре почнуваат со трибини низ градовите.
„Сите држави во Светот се создале и одржуваат со неколку базични есенцијални старомодни принципи и нашата идеја е да едноставно потсетиме на тие принципи“, смета Братислав Димитров, Граѓанско движење за одбрана на Македонија.
Димитров, најавувајќи ја утрешната трибина во Велес, вели дека е задоволен од подршката која платформта ја добива, напоменувајќи дека Државата ја чуваат сите, секој на свој начин.
Дијана Иванова
