Студентите бараат нов закон за високо образование

11.02.2015 17:03

Симболично прогласија „Автономна студентска зона“ и со пароли „Универзитетот е наш“ побараа изготвување нов закон за високо образование, со гаранција дека Студенскиот пленум ќе биде активен чинител...

Додека измените на законот за високо образование се во собранието, повеќе студенти се собраа на платото на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Симболично прогласија „Автономна студентска зона“ и со пароли „Универзитетот е наш“ побараа изготвување нов закон за високо образование, со гаранција дека Студенскиот пленум ќе биде активен чинител при креирањето на новото
законско решение.

Изминатава недела владата и студентите имаа успешна средба, на којашто беше договорено државниот испит да се одложи за една година.