Jапонија: Фатална експлозија во фабриката Митсубиши материјали

09.01.2014 08:51

Засега неутврден број лица загинаа...

Засега неутврден број лица загинаа во експлозијата во хемиска фабрика во централна Јапонија, соопшти локалната полиција. Несреќата се случила во фабриката на Мицубиши во префектурата Мие, а портпаролката на компанијата потврди дека имало експлозија во инсталацијата во местото  Јокаичи каде се произведуваат силиконски материјали. „Потврдено е дека има загинати, има и повредени,не го знаеме бројот“  изјави Ранко Хираи, гласноговорничката на Мицубиши Материјалс. Агенцијата Џиџи Прес пренесе дека 15 лица се пренесени во болница, а две од нив починале.