Ахмети: Комисија од меѓународната заедница да помогне во решавање на состојбата
ДУИ работи со ладна глава, разумно и ги анализира сите случувања, ниедно дејство на ДУИ нема да биде спротивно на потребите на граѓаните, без разлика дали се Албанци или Македонци, рече Ахмети...

Комисија формирана од меѓународната заедница, составена од политичари и експерти, да помогне во решавање на состојбата во земјава. Ова го побарал лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба со евроамбасадорот Аиво Орав во Мала Речица.
„ДУИ работи со ладна глава, разумно и ги анализира сите случувања, ниедно дејство на ДУИ нема да биде спротивно на потребите на граѓаните, без разлика дали се Албанци или Македонци. Разумноста и ладнокрвноста треба да важи за сите граѓани и да се чека оценката на меѓународната заедница. ДУИ нема да поднесе кривична пријава против ниедна институција, ова се случува и во земји со повисок демократски развој. Не сме вознемирени, се што има снимено, треба да се објави, слободно може да се објави се за ДУИ“, изјави Ахмети.
