Претседателот на српскиот Парламент во посета на Македонија

12.02.2015 08:59

Вељаноски и Гојковиќ, како што е најавено, ќе имаат тет-а-тет средба, по што е предвидено претседателот на Народното собрание на Република Србија да се потпише во книгата за впечатоци...

На покана на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска во официјална посета на Република Македонија ќе престојува Маја Гојковиќ, претседател на Народното собрание на Република Србија.
 
Вељаноски и Гојковиќ, како што е најавено, ќе имаат тет-а-тет средба, по што е предвидено претседателот на Народното собрание на Република Србија да се потпише во книгата за впечатоци.
 
За време на посетата Гојковиќ ќе има средба и со Емил Димитриев, претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија и со членовите.
 
Претходно, ќе се одржи церемонија на положување цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија.