Амбасадорот Бејли ќе ги предаде акредитивите на претседателот Иванов
12.02.2015 09:07
Бејли, дипломат од кариера во Стејт департментот, во Скопје доаѓа од позицијата заменик-шеф на мисијата на САД во Анкара, Турција...
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на САД во Република Македонија, Џес Бејли.
Бејли, дипломат од кариера во Стејт департментот, во Скопје доаѓа од позицијата заменик-шеф на мисијата на САД во Анкара, Турција, функција која ја извршувал од 2011 година. Доаѓа на местото на амбасадорот Пол Волерс, кој во Македонија оваа функција ја извршуваше од 2011 година.
Џес Бејли беше потврден како Амбасадор на САД во Македонија, од страна на Сенатот, во декември 2014. Toj предизвика реакции во македонската јавност, откако на сослушувањето во Комитетот за надворешни односи, Македонците ги нарече Словени.
Неговиот претходник Пол Волерс потоа изјави дека тој дел од сослушувањето на Бејли во Сенатот бил изваден од контекст и оти нема промена во американската владина политика кон идентитетот или етничката припадност на македонскиот народ.
