Завршија преговорите во Минск, постигнат договор за прекин на огнот

12.02.2015 09:44

На преговорите е постигнат договор за прекин на огнот во источна Украина што ќе стапи на сила за 48 часа...

Во Минск завршија преговорите меѓу претседателот на Русија, на Украина, на Франција и на германскиот канцелар за прекин на конфликтот во Украина. Дипломатскиот маратон траеше повеќе од 14 часа.

На преговорите е постигнат договор за прекин на огнот во источна Украина што ќе стапи на сила за 48 часа. Договорот претстои да биде потпишан од сепаратистичките лидери и Контакт групата за Украина.

Владимир Путин, Петро Порошенко, Франсоа Оланд и Ангела Меркел преговараа да постигнат договор за мирно решавање на кризата во Украина.