Со субвенционирање би се одржало домашното производство на пченица
Домашното производство на пченица може најмногу да задоволи 60 проценти од потребите на државата, проценуваат експертите. Ваквото ниво на производство, според нив, би се достигнало и задржало со субвенциите...

Македонското производство на пченица на нивото од 60 проценти од домашните потреби може да се одржува единствено со продолжување на субвенционирањето.
Бидејќи се работи за стратегиска култура по 2018 година, за зголемување на приносите, се планира употреба на агро-технички мерки, сертифицирано семе и минималните услови за добра земјоделска практика.
Сертифицираното семе ќе биде задолжително.
Земјоделците со површини до 5 хектари кои неможе да постигнат високи приноси, постепено ќе треба да се преорентираат кон поинтензивен тип на производство како што се овошјето и зеленчукот, грозјето и други култури.
Методија Трајков
