Земјотрес од четири степени во Тетовско

09.01.2014 11:12

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Штип и Валандово,синоќа  во 23 часот и 19 минути регистрираа земјотрес , чиј епицентар се наоѓа на 40 км западно од Скопје и потекнува од тетовското епицентрално подрачје.

Земјотресот е почуствуван со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала-1998.